Лејди Гага во изминатиот период ретко се појавуваше на јавни настани и на јавни места, а сега ги разгори гласините дека е бремена.
Фотографии направени на свадбата на сестра ѝ Наталија поттикнаа многу коментари дека 38-годишната музичарка го очекува своето прво дете со Мајкл Полански. На дел од фотографиите споделени на социјалните мрежи, Лејди Гага е облечена во припиено црно фустанче.