На социјалните мрежи кружи видео од страшна тепачка во ресторан во туистичкото место Рафајловиќи во Црна Гора. Медиумите јавуваат дека хаосот настанал поради арогантното однесување на група Руси.
Во градот Рафајловиќи во Црна Гора дошло до голема тепачка меѓу келнери и гости во познат ресторан, пишува црногорски „Вијести“. Според неофицијални информации, за се е крив еден Русин кој ги навредувал келнерите и мештаните во локалот.
– Во тепачката учествувале четворица руски државјани кои во алкохолизирана состојба најпрвин се возеле со својот автомобил на шеталиштето во Рафаиловиќ, каде за малку ќе удриле мотоциклист, а потоа, според очевидци, го блокирале шеталиштето. После тоа демолирале туристичка агенција! – пишува „Мондо.рс“.
На крајот се пресметале со келнерите во познат ресторан откако прво го нападнале сопственикот на тој ресторан. Работниците го спречиле нападот на сопственикот и се справиле со нив.
https://twitter.com/i/status/1681962857313845249