Леонардо ди Каприо и неговата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети се релаксираат на јахта на Сардинија и се фотографирани како уживаат во сончање и пливање.
Виторија ја покажа својата витка линија во кафеав костим за капење. Тие се придружувани од најдобриот пријател на Леонардо ди Каприо, актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.
Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен.
Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето и ова не е прв пат да се шпекулира за свршувачка, но гласините тогаш беа демантирани.