Холивудскиот глумец Леонардо Дикаприо и 23 години помладата девојка Камила Мороне со своите пријатели одморот го минат на островот Сент Бартс.
Пред некој ден, додека уживале во пловидбата со јахтата стигнала информација за загубен човек, кој во алколизирано состајба паднал од својот брод во океанот токму во нивна близина.
Веднаш во потрагата по несреќниот човек се вклучил и Дикаприо со својата јахта, а по 11 часа барање, пред самото заоѓање на сонцето, човекот бил лоциран и спасен токму од холивудскиот глумец.
Инаку, интересно е што девојката на Дикаприо, Камила е ќерка на аргентинската глумица Лусил Сол која во врска со Ал Пачино.