Еден од најдобрите кошаркари во поранешна Југославија, на сараевска Босна и југословенската селекција, Жарко Варајиќ, почина во 68-та година по долго боледување.
Варајиќ ѝ припаѓаше на славната генерација на „студентите“ на сараевска Босна, којашто во 1979 година предводена од тренерот Богдан Тањевиќ стана шампион на Европа, а неговиот рекорд во Купот на европските шампиони, сегашната Евролига, од 45 коша на натпреварот против италијански Емерсон во финалето во Гренобл, сѐ уште не е надминат.
Жарко Варајиќ тогаш стана првиот капитен на еден кошаркарски клуб од поранешните југословенски простори кој го подигна пехарот за клупски првак на Европа, а меѓу бројните признанија е носител и на „Супер Оскар“, награда која беше наменета за најдобриот играч во Европа.
Со репрезентацијата на Југославија во 126 настапи освои сребро на олимпијадата во Монтреал во 1976 година, злато на Европското првенство во 1997 година во Белгија, и бронза на евробаскетот во 1979 година во Италија.
Роден во Никшиќ, освен за КК Сутјеска и Босна, играше и за Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.