Британскиот музичар Фил Колинс изгледа прилично лошо кога пристигнал во музичко студио во Лондон, каде се сретна со колегата од Генезис, Мајк Радерфорд.
Легендарниот тапанар и пеач (69) излегол од автомобилот користејќи бастун и неговите помошници му помогнале да седне во инвалидска количка. Имено, Колинс неодамна беше подложен на операција на рбетот што му го отежнува стоењето.
Членовите на Genesis се фрлија на проба пред нивната прва турнеја по 14 години. Фил ја најави својата повратна турнеја уште во октомври 2016 година, откако се повлече од музичката пензија. Музичката икона планирал да го започне своето враќање со пет концерти во лондонскиот Ројал Алберт Хол за кои билетите се распродадоа за само 15 секунди. Но, откако паднал во бањата во неговиот дом и бил сериозно повреден, тој бил принуден да ги откаже плановите.
Инаку, Колинс во моментов повторно доживува вистинска драма со неговата поранешна сопруга Оријана Севи (46). Имено, под изговор дека заминува на службено патување, таа во август тајно се омажила за својот љубовник Томас Бејтс (30), по што двајцата се преселиле во вилата во Мајами, што таа ја купила заедно со Колинс.
Во меѓувреме, таа го обвини Фил дека ја шпионирал и поставил камери низ куќата за да може да ја следи.
Фил и Оријана имаат два сина, Никола (19) и Метју (15), а музичарот од претходните врски има уште три деца, Симон, Лили и посвоената Џyоли.