Принцот Вилијам нема ништо против децата да му бидат хомосексуалци

by Тони Зографски

Принцот Вилијам и војвотката Кејт важат за родители кои добро ги воспитуваат своите деца. Како идни крал и кралица, нивниот став околу чувствителните општествени прашања е многу важен за јавноста. Во месецот на гордоста, принцот бил прашан што би направил ако некое од неговите деца се изјасни како хомосексуалец.

На тоа тој одговорил:

„Мислам дека луѓето не мислат за тоа сè додека не станат родители. Мислам дека… Тоа е сосема во ред… Единствено околу што би бил загрижен, особено поради улогата која моите деца ја имаат, е како на тоа ќе се гледа и како ќе се интерпретира.“

Потоа додал дека со војвотката Кејт планираат отворено да разговараат со своите деца на секоја тема, вклучително и сексуалната ориентација.

останати вести