Актерката Џесика Ланг била забележана во инвалидска количка, што ги загрижи нејзините фанови. Папараци ја фотографирале во Њујорк во друштво на нејзината асистентка и колешка Сузан Сарандон. Социјалните мрежи почнаа да шпекулираат за нејзината здравствена состојба, по што нејзиниот менаџер открил што се случува.
„Џесика е добро. Таа се опоравува од повредата на ногата што ја заработи додека беше во паркот за кучиња“, изјавил тој за „Page Six“.
Актерката минатата година изјавила дека размислува за пензија бидејќи смета дека Холивуд на прво место го става профитот и ја запоставува креативноста.
„Креативноста сега е секударна во однос на корпоративниот профит. Акцентот повеќе не е на уметноста. Целта е да се задоволат сопствениците на капиталот. Тоа ги понижува уметниците“, рекла таа.
Ланг додала дека решиле да ја жртвуваат уметноста на снимање филмови заради профит.
„Не знам дали тоа е затоа што филмаџиите мислат дека не можат повеќе да го задржат вниманието на публиката“, констатирала актерката.