Откако пејачката Сара Мејс ја роди ќерката Илина, таа е центар на нејзиниот свет. Илина се роди на 10 септември и е прво дете на Сара и на нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски. Неодамна, Сара и Димитар добија интересен подарок, лампион со името на ќерката, кој е најдраг детаљ на нивната новогодишна елка.
Пред да се породи, Сара даде интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, таа ќе се вика Северина. Само еден ден пред да ја роди Илина, таа го промовираше новиот спот за песната “Црна капина”. Веќе утредента, на својот Фејсбук профил објави дека станала мајка.