Меган Маркл имала спонтан абортус кога се преселила во Америка. Војвотката од Сасекс изјави дека изгубила уште едно дете додека му менувала пелена на нејзиниот син Арчи.
Таа својата приказна ја раскажа за „Њујорк тајмс“ и го опишува моментот кога сфатила дека го изгубила бебето.
– Откако ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на под со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да не смири двајцата – стои во текстот што го напишала Меган за американски весник.
Како што напишала, кога се разбудила и ги нахранила кучињата, ги средила облеките и боичките на Арчи, а потоа ја врзала косата во опашка. Почнала да ја менува пелената на Арчи кога почувствува силна болка во стомакот.
– Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на сопругот. Ја почувствував топлината на неговата дланка и тој ја бакна мојата рака, која беше влажна од нашите солзи. Загледана во студените бели sидови, очите ми се исполнија со солзи – напиша Маркл.
Двојката има едно дете, синот Арчи, што се роди во мај 2019 година.