Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, потврдил за Телма адвокатот на пејачот Дарко Стефановски.
По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски Судскиот совет од битолскиот основен суд ја преиначил одлуката во куќен притвор.
Алабаковски попладнево го напуштил притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде што ќе ја издржува мерката.
Пејачот е осомничен дека подметнал пожар во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.