Девојката што ја киднапираше масовниот убиец од Младеновац лажела дека е бремена. Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево на рочиштето таа рекла дека успеала да го убеди киднаперот Урош Б. дека е бремена, а тоа го направила кога во неговите раце видела две бомби.
Осомничениот за масакрот кај Младеновац на 5 мај кај Мали Пожаревац киднапирал такси и девојката во него, откако уби 8 лица, а ранил 14.
Урош Б. запрел таксист во близина на Мали Пожаревац. Потоа, со закана со две бомби, наредил да го одвезат до Вињиште кај Крагуевац. Таму бил неговиот вујко, кај кого се сокрил по злосторството. Во автомобилот имало и трудница. Урош седнал на предното седиште, а во раката имал бомба. Потоа на таксистот му рекол дека ќе ја активира доколку не вози каде што му рекол.
Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Смедерево го уапси неговиот татко Р.Б. како и вујко Г.Г. Тие се во притвор и за сите тројца се води постапка.