Голманот на Реал, Тибот Куртуа беше најомразената личност кај домашните навивачи на мадридското дерби во кое Атлетико како домаќин го загуби со 1:3. Белгискиот чувар на мрежата кој пред да да замине во Челзи, па во Реал, три години го бранеше голот на Атлетико, од домашните навивачите беше дочекан како предавник.
Тие од трибините по него фрлаа со играчки глувци, јасно покажувајќи што мислат за него. Исто така со глувци фрлаа и по спомен-плочата која Куртуа ја доби на влезот од стадионот.
Интересно, е што пред неколку години, по трансферот на Луис Фиго во Реал, навивачите на Барселона по него фрлија свинска глава.