Курдските жени -војници, наречени пeшмeрги се познати како единица каде што војниците на предната линија стојат рамо до рамо со своите машки колеги, а снимките покажуваат и зошто.
Воената формација која официјално ја контролира Курдистанската демократска партија се собра во градот Соран, и освен традиционалното дефиле на воената сила, се виде и на какви бруталности се подготвени членовите на Пешмeргите.
Фото-новинарот на АФП сними како жените -војници со своите машки колеги убиваат и јадат живи змии и зајаци во стројот.
Инаку, пешмергите храбро се бореа против Исламската држава од 2014 година, а новната женска единица беше вклучена во четиримесечната одбрана на градот Кобане, во услови на жестоки напади на исламистите и при ослободувањето на стратешки важниот ирачки град Мосул Дам.