Ема Карлтон Смит (25) нарачала преку интернет бели бикини за летово, но ќе паднела во несвест од срам кога излегла на плажа. Имено, иако бикинито било поставено од внатре, се испоставило дека кога ќе се намокри комплетно се проѕира.
– Веднаш ставив слика на Инстаграм и ја напишав страницата од каде ги купив за да ми ги вратат парите. Но, тие ми рекоа дека бикините биле само за позирање а не и за капење – напиша Ема.
-Проблемот е материјалот на бикините и затоа на нашата страница стои предупредување дека поголемиот број од моделите на бикините кои ги продаваме се само за позирање – ја информирале од интернет продавницата.