Денеска се одржува свадба на годината во Сараево.
Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ, и нејзиниот избраник Самил Хумашкиќ направија шеријатска венчавка во џамијата Газа Хусрев-бег во Сараево, проследена вечерва со граѓанска венчавка и забава вредна еден милион марки, или околу половина милион евра.
Информацијата за парите што треба да се потрошат за венчавката на ќерката на Изетбеговиќ ја објавија сараевските медиуми, а младенците и нивните родители беа целосно засенети од кумот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој дојде со својата сопруга да ја збогати верската церемонија. Според Аваз, Бакир и Себија го сретнале на влезот во џамијата.
“Ослобоѓење“ пишува дека Јасмина и Шамил ќе имаат околу 250 гости, кои ќе мора да ги остават мобилните телефони пред да влезат во хотелот каде што се одржува прославата. Поканите се кодирани и никој освен гостите нема да може да влезе на прославата.