26-годишниот Кристијан Нинески втора година по ред го фати крстот во водите на Вардар во Скопје. Кристијан беше најсреќен и најбрз помеѓу 140 верници кој скокнаа од мостот кај хотелот Холидеј Ин.
-Лани за мене изминатата година беше среќна бидејќи добив синче и целото семејство беше здраво. Им посакувам на сите много здравје и среќа. Бог се јави – изјави Кристијан.
Инаку, Петар Руепски од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои денеска скокаа по Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.
– Ова ми е петти пат како го фаќам крстот и секое фаќање ми носи нови возбуди, и сега како да ми е прв пат да успевам да го направам тоа. Се надевам дека и оваа година како претходните ми носеле многу успех, рече 30-годишниот Рупески.
фото: сител, мк