Две жени се здобиле со повреди при пукање од огнено оружје на свадбена веселба во гостиварското село Чајле. Непосредно по ранувањето, жените се згрижени во гостиварската болница, а лицето кое е осомничено дека пукало од пиштол е лишено од слобода.
Според информациите од СВР Тетово, половина час по полноќ во дворот на семјената куќа на Б.Х. (53), додека траела свадбена свеченост, имало пукање од огнено оружје. Во се уште до крај нерасветлени околности дошло до повредување на две жени кои присуствувале на веселбата. Повредените Х.И. (44) и М.М. (35) биле пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” и медицински згрижени.
Утрово, на местото на настанот, увидна екипа и јавен обвинител извршиле увид и се работи на расветлување на случајот.