Млад човек е сериозно повреден за време на расправија којашто се случила вчеравечер на свадба во Бања Лука. Според очевидци, гостите почнале да се расправаат за музиката на свадбата.
– Венчавката беше помала и сè беше во ред додека во еден момент не се скараа околу музиката. Во тоа туркање, кумот, наводно, го прободел со нож во око младиот човек, некои дури рекле дека виделе пиштол, изјавил еден од гостите на свадбата за „СрпскаИнфо“.
Според неофицијални информации, младиот човек со убодна рана бил примен во Ургентен центар, каде му била укажана помош.
Comments are closed.