Иселеникот од Македонија, 37-годишниот Илир Б. со нож ја убил неговата 34-годишна сопруга, пренесува Индексонлајн.
Пријател на жртвата, шокиран од настанот, изјавил дека жената сакала да се разведе од сопругот, кого го опишува како насилен и кој често ја злооупотребувал.
„Тој беше насилен со својата сопруга. Таа му даде неколку шанси, но таа не можеше да издржи повеќе“, изјавил еден сведок.
Во меѓувреме, друг член на семејството изјавил дека парот живееле одделно.
„Таа не му дозволуваше да ги види децата веќе некое време. Неодамна, му дозволи повторно да ги посети, така што тој изнајми соба во близина на нивниот дом“, изјавил роднина.