Околу 20 илјади државни службеници од Косово, на крајот на овој месец ќе започнат штрајк ако не се прифатат нивните барања за повисока плата по принципот „иста позиција, иста плата“.
Ова за Радио Косово го истакна Мурсел Зимбери, претседател на Синдикатот на јавни службеници од Косово, додавајќи дека тие земаат само основна плата од околу 340 евра.
„Ова веќе не го толерираме, и ќе почнеме со масовни штрајкови и протести. Јас сум за дијалог, но мислам дека дојден е крајот. Ја чекаме одлуката на Владата од тоа како ќе не категоризира“ порача Зимбери.