Многу вљубеници во модата ги шокираше веста за проблемите со кои се сретна омилениот бренд на трендсетерите Келвин Клајн. Раководството на оваа модна компанија објави дека ја укинува својата прет-а-портер колекција 205W39NYC, па тако таа повеќе нема да се произведува. Исто така е планирано да се затворат неколку канцеларии во Милано, а околу стотина вработени ќе бидат отпуштени во Њујорк. Веќе е најавено дека ќе се затворат бутиците на авенијата Медисон во Њујорк, а претседателката на модната линија 205W39NYC до јуни треба да го напушти своето работно место.
https://www.instagram.com/p/Btz6wwejSz3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Дека нешто не оди според планот беше јасно уште на крајот на минатата година кога пред истекот на договорот, од местото креативен директор си замина Раф Симонс.
https://www.instagram.com/p/Buhv3y5jC9E/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Веќе е навестено дека култниот американски бренд кој трае веќе 50 години ќе сврти кон широките народни маси и кон он-лајн маркетингот и соработка со инфлуенсерки како што се Гиги Хадид и Зендај.