Компанијата „Краш“ преку својот Фејсбук профил објави дека направила Дорина со чварки, иако се тргна како првоаприлска шега.
Комбинацијата за првпат беше спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, па навистина решиле да направат чоколадо со чварки.
Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.
„Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на адреса“, велат од „Краш“. Доколку сте меѓу таквите, се што реба да направите е да се обратите на „Краш“ во инбокс на Фејсбук.