Украински пар се венча и направи свадбени фотографии среде урнатините на Харков (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Украински пар се венчал насред воениот виор во метрото во Харкив, а својот брак одлучиле да го одбележат во воен амбиент, опкружени со урнатини.

Настја Грачева и Антон Соколов биле фотографирани набрзо откако се венчале меѓу урнатините и на трговскиот и деловен центар во вториот најголем град во Украина.

Фотографиите објавени на Твитер прикажуваат како парот позира меѓу урнатини, а описот објаснува како изгледа венчавка во град кој е под постојано гранатирање: „Уништени згради и бомбардиран центар, церемонија во метро. Ова е силна порака за светот – Харкив се спротивставува и живее“.

Двајцата биле медицински службеници пред почетокот на војната, а сега волонтираат и пружаат бесплатна медицинска нега на оние кои им е потребна. Настја работела како медицинска сестра во онколошка болница, а Антон како фармацевт пред руската инвазија на Украина.

Се наведува дека, кога останале без медицински резерви, почнале да собираат пари за да купуваат лекови за жителите на градот на кои им било потребно лечење.

Харкив се уште чека на повлекување на руските сили, но тоа не ги спречило Настја и Антон да го прослават својот најсреќен ден.

останати вести