Иако Кралицата Елизабета не била воодушевена од намерата Меган и Хари да го остават Арчи во Канада, парот има навистина силна причина зошто тие го сториле.
Имено, нив ги уплаши брзото ширење на коронавирусот и потврдените случаи на заболени. Меган и Хари знаат како да се заштитат себе, но сметаат дека изложувањето на малиот Арчи на таков ризик е сосема непотребно, колку и да не ѝ е драго на кралицата поради тоа.
Инаку, интересно е што вчера кралицата Елизабета за прв пат носеше ракавици за време на свечената церемонија на доделување на ордени во Бакингамската палата. Церемонијата претпочита ракување со секој добитник на почеста.
„Ова е прв пат , во 30 години, откако известувам за кралското семејство, нејзиното Височество да носи ракавици на ваква церемонија, “ изјави соработникот на АБЦ News, Роберт Joбсон.
Oд друга страна Вилијам и Кејт, не се придржуваат ниту до препораките за избегнување на ракувањето, па во Ирска биле видени како се ракуваат со десетици луѓе, а се верува дека така и ќе продолжат, пишува Daily Mail.