Поранешниот секретар на кралот Чарлс Скот Фурседон-Вуд на Твитер откри дека кралот, односно принцот во тоа време, побарал од Кети Пери да направи селфи со него во Мумбаи во 2019 година, бидејќи тој му признал на Чарлс дека неговите деца сакаат да ја слушаат неа. Тој сподели и фотографија на која може да се види како позира со музичарката.
“Возбудливо е што Кети Пери настапува на крунисувањето. Бев со кралот во Мумбај во 2019 година кога тој првпат ја запозна. Му кажав колку ја сакаат моите деца. Ние во тимот никогаш не баравме селфи. Кралот љубезно праша за мене и објасни дека моето семејство и јас сме големи обожаватели“, напиша Фурседон-Вуд, која е вработен како заменик приватен секретар на Чарлс и Камил од 2017 година. Тој сподели и фотографија од кралот Чарлс и пејачката.
За потсетување, Кети Пери, Лајонел Ричи и Андреа Бочели ќе бидат главни изведувачи на концертот по повод крунисувањето на Чарлс Трети, а забележано е отсуство на големи британски имиња, објави во петокот Би-Би-Си. Настанот засега не поттинкна воодушевување во јавноста.