Бред Пит за одличниот изглед на 59-годишна возраст доби бројни комплименти.
Меѓутоа, не ѝ требаше долго на Твитер екипата од Балканот да започне да се шегува на сметка на разликата во изгледот на холивудските и балканските ѕвезди.
Имено, еден корисник на Твитер направил споредба на фотографијата на Бред Пит со една фотографија од српскиот актер Драган Бјелогрлиќ кој исто така има 59 години.
„60 години на Балканот и во Холивуд“, стои во описот на колажот од двете фотографии.
Но, се чини дека оваа шега не му засметала ниту на популарниот Бјелогрлиќ.
„Гледам дека ова е хит…“, напишал тој на својот Инстаграм профил на кој и самиот ја споделил оваа споредба.
За потсетување, по последните фотографии од Пит се појавија и написи дека тој се подложил на естетски корекции, меѓутоа Костас Папагеоргиу, лекар и директор на „New York Dermatology Group“ смета дека славниот актер не отишол „под нож“ ниту вбризгувал ботокс.
„Не се обидува да изгледа помладо, но изгледа како најздрава верзија од себе. Се чини дека Бред води грижа за своето лице и врат и ги штити од сонцето, а на тој начин ја чува еластичноста на кожата. Иако би можел да направи блефаропластика со помош на која би ги „средил“ горните очни капаци, тој е доволно паметен и го избегнува тоа за да го задржи природниот изглед“, вели Папагеоргиу.