Илан Тобијана Зевс е француски адвокат и интернет ѕвезда, а интересно е дека, иако неговата содржина е екстремно гледана, никој никогаш не го слушнал гласот на овој човек.
Популарноста ја стекнал снимајќи еден ист тип на видеа – на нив можете да го видите како излегува од скапоцени автомобили, модерно, но лежерно облечен, одејќи опуштено, но со став, неретко бос! Одново и одново, овие видеа стануваат вирални, собирајќи милиони прегледи.
Долго време Илан бил нарекуван „најмистериозниот човек на Интернет“, не само затоа што никогаш не говори ништо, туку и затоа што се прославил едноставно постоејќи на Интернетот. Не пробувал бизарни трендови, не зборувал за себе до исцрпување, не танцувал ниту пак пеел, не јадел огромни количини храна, а сепак ѝ се наметнал на светската публика.
Многумина биле збунети од концептот поради кој му пошло од рака да стане познат, а бројни луѓе биле и љубопитни – од каде се сите тие пари?
Бидејќи сите тие ретки, луксузни автомобили, за кои според видеата се чини дека се неброени, а се лично негови!
Освен тоа, Зевс поседува и приватен хеликоптер, јахта со теретана и базен, неколку прекрасни имоти ширум светот, а дури и мебелот во неговите куќи вреди милиони долари.
Како Зевс стекнал толкаво богатство?
Иако изгледа дека води прилично удобен живот без многу обврски, што можеби е случај и сега, тој работел како адвокат во областа на недвижностите повеќе од 20 години, станувајќи еден од најплатените француски експерти од овој тип. Со текот на времето, тој почнал да заработува на неколку други начини – како луксузен агент за недвижности, модел и актер! Илон се појавил во неколку помалку познати филмови, но имал и епизодни улоги во блокбастери како „Кодот на Да Винчи“, „Игра на тронови“ и „Казино Ројал“. Јасно е дека овој човек е многу сестран.
Многу ретко говори или пишува за себе, но во една прилика одговорил на прашањето како дошол до толку многу пари, поставено од еден од неговите следбеници на Инстаграм. Многу работа, никогаш не сум се откажувал“ кратко прокоментирал тој.