Германскиoт тенисер Александар Зверев (26) приредил голема сензација, совладувајќи го во четвртфиналето на Австралија опен Карлос Алкараз.
Зверев славеше со 3:1 (6:1, 6:3, 6:7, 6:4), па во полуфиналето ќе игра против Данил Медведев.
Многу нервоза имаше и на терен, но и на трибините каде на Зверев најголема поддршка му беше неговата девојка Софија Томала.
34-годишната Германка е на сите натпревари на тенисерот и е неговата најголема подршка. Се работи за ТВ-водителка и манекенка која е позната по своите тетоважи. Томала заработува најмногу од социјалните мрежи. Германката е во врска со Зверев повеќе од две години, а зад себе има врска и со познатиот голман Лорис Кариус.