Иако деновиве се зборува дека Алесандра де Осма, сопругата на принцот Кристијан од Хановер, е најдобро облечената принцеза во Европа, а тоа секако ќе го видиме во годините што доаѓаат, всушност Беатрис Боромео, снаата на покојната Грејс Кели е најдобро стилизираната дама со сина крв.
Беатрис Боромео е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на Пјер Казираги, кој е син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели.
Еволуцијата на нејзиниот стил започнала кога Беатрис работела како модел, а сега оваа ИТ девојка со својот моден изглед ги остави зад себе познатите кралски дами Кејт, Меган и Летиција.
На нејзината венчавка во Монако, Беатрис носела не една, туку четири венчаници: два од Валентино и два од Армани Приве, што било доволен знак за тоа каков моден познавач е таа.
На црвениот тепих е забележлива наклонетоста на принцезата Беатрис кон балски фустани кои благодарение на нејзината вродена префинетост успева да ги претстави на највисоко ниво.
За поформални прилики таа често избира палта по мерка на Џорџо Армани, додека во секојдневните комбинации често носи фустани од Alberta Ferretti и Dior.
Пред ревијата на Диор за пролет/лето 2021 година, парискиот бренд ја поканил да стане амбасадорка на куќата, па видовме како изгледа кога Беатрис носи лежерен комбинезон во комбинација со тренди патики.
Која е всушност Беатрис Боромео?
1. Таа е мајка
Заедно со својот сопруг, Беатрис има два сина – Стефан и Франческо.
2. Дипломирала на колеџот на Ivy League
Посетувала некои од најдобрите училишта во светот, а кога магистрирала новинарство, тоа го направила во 2012 година на Универзитетот во Колумбија.
3. Таа е ќерка на гроф
Нејзин татко е Дон Карло Фердинандо Боромео, гроф од Арона, а мајка ѝ е грофицата Дона Паола Маркото.
4. Нејзиното семејство поседува острови
Нејзиното потекло вклучува некои од најпознатите Италијанци во светот. Нејзиното семејство е многу богато и ги поседува поголемиот дел од Боромејските острови, кои се наоѓаат во Лаго Маџоре.
5. Таа е атеист
Иако е поврзана со кардинал на Римокатоличката црква, кој подоцна бил прогласен за светец, Беатрис се смета себеси за атеист.