Регулаторното тело за здравство на ЕУ препорача сите имунизирани со „AstraZenecа“ да бидат под медицински надзор три недели по вакцинацијата поради можни несакани ефекти.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека вакцината „AstraZenecа“ не треба да се дава на секој што имал згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити по првата доза.
Регулаторното тело на ЕУ за здравство препорача и сите оние кои се имунизирани со „AstraZenecа“ да бидат под медицински надзор три недели по вакцинацијата поради можни несакани ефекти, пренесува Ројтерс.
ЕМА ги даде овие препораки следејќи ги тековните извештаи за ретки, но сериозни тромби, најверојатно поврзани со имунизација со оваа, но исто така и вакцината „Johnson & Johnson“.