Коста К.(13), ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кој на 3 мај во крвава рација уби девет ученици и еден обезбедувач, а тешко рани уште шест ученици и наставник по историја, бил изненадувачки прецизен.
Ова е од причина што користел пиштол кој бил специјално „дизајниран“!
Нов детал од истрагата потврдува дека се работи за специјално опремено оружје кое гарантира прецизност.
– Пиштолот, со кој се изврши масакрот, имал некакви тегови или противтегови, така што кога ќе пука, нема одвратен удар. Со вака опремено оружје, полесно е да се нишани и да се погоди целта. Станува збор за оружје од чешко производство, односно „збројевка“ – изјавил добро упатен извор.
Момчето убиец го одзело оружјето со кое го извршило злосторството од заклучениот сеф на неговиот татко Владимир К., на тој начин што, како што постојат сомневања, ја „провалил“ неговата шифра.