Денис Јанкуловски познат во јавноста како Космонаутко во Фејсбук статус упати остра реакција кон Павле Трајанов, лидерот на партијата Демократски Сојуз.
“Павле Трајанов доби вакцина. Ама Павле бира вакцина..
Многу мои пријатели, родители на деца со посебни потреби или со ретки болести НЕ ДОБИЈА вакцина. А тие бираат ВАКЦИНИРАЊЕ!
Ајде сега вечити састав у Влади Павле, седни и пресметај колку време си потрошил во сериозно барање од државата да те вакцинира? Колку апели си напишал објаснувајќи дека тебе ти треба вакцина од многу причини? Колку пати, колку постови, колку писма и гласни размислувања си посветил на детално објаснување зошто со сите сили се бориш за таа вакцина? Колку денови, недели, месеци наназад си барал илајда и еден начин се она што за тебе и твоето семејство значи таа вакцина да допре до оние кои ете го имаат тоа ексклузивно право да кажат сега Павле, па Денис, па овој па оној…..?
Удри математика? Пресмета?
Верувам дека не потроши ни 2 секунди нели? Затоа што ова не си го направил, ама си дојде во Борис на вакцина. Не била Спутник, била Фајзер.
Ама си дојде нели.
НА ВАКЦИНА!!!!!!
Е сега, оваа горе споменатава математика, со сите тие A, B, C или x/y, се ова помножи го со милион на ента и така отприлика ќе подразбереш како им е на сите тие борци родители, на тие страдални семејства дискриминирани, заборавени, невидливи како им минуваат деновите чекајќи го и тоа како важниот СМС „Вашиот термин е на таа и таа дата во толку и толку часот“(можеби веќе и не чекаат, можеби и надежта некако како да им спласнува гледајќи небулози).
Колку пати стиснале ЕНТЕР верувајќи дека некој одлучујучи ќе го причита тоа?
Тие иако потиштени знам дека и натаму ќе се борат да дадат до знаење дека се изиграни и дека сепак имаат мала трошка надеж дека кај да е ќе им титне мобилниот со NEW SMS.
И да хајлендерски „политичару“, не се само тие, има многу други категории кои требаше и досега да бидат вакцинирани. Категории кои веќе требаше да доаѓаат за ревакцина. Категории кои ја немаат таа можност да „бираат“ но тие и не бираат кинеска, руска или друга.
Тие бираат вакцина!!!
Затоа, нека ти е на здравје и за здравје, ваќе таќе се вакцинираше.
А сега м`к м`кавица……“ напиша Денис Јанкуловски.