Поранешната иранска мисица Бахерех Зара Бахари во најновото видео кое го објави напоменува дека стравува за својот живот, а дека психичката состојба ѝ е лоша, затоа што веќе три недели е заробена на аеродромот на Филипините. Во својата потресна исповед напоменува дека секој ден живее во страв дека ќе биде депортирана во Техеран, каде ѝ се заканува смртна казна поради критикување на иранскиот режим, ако барањето за азил не биде прифатено.
„Не сум во добра состојба. Ми опаѓа косата од стрес и лошо ми е. Понекогаш психички многу лошо се чувствувам, овде немам приватност, затоа што нема врата во собата, така што секогаш сум загрижена кога сакам да се пресоблечам“, рекла Бахарех за британскиот Гардијан.
Таа во моментов живее на аеродромот “Нино Акиној“ во Манила каде е во притвор од 17. октомври откако иранските власти до Интерпол доставиле црвена потерница за неа, која се однесува за наводно кривично дело извршено од неа во Иран.
Меѓутоа, Бахари, инаку манекенка и актерка, вели дека Техран сака да ја казни само поради нејзината политика.
Одлуката за нејзиното барање за азил се очекува во понеделник, а девојката до тогаш ќе мора да продолжи да живее на аеродромот, да спие во просторија каде никогаш не се гаси светло и да се капе во јавни тоалети.
„Овде ѕидовите се бели, креветот е бел, се е бело…овде е секогаш осветлено. Кога го проверувам телефонот не знам дали е 7 часот наутро или 7 попладне. Губам време, понекогаш губам разум“, вели таа.
1/2
Please share as much as you can.
Bahareh Zare Bahari @Bahar__Bahari is in custody of Manila Airport for 21 days without initial rights. She says Philippines country is not safe for her anymore because Islamic regime in Iran can send some killers to kill her.#SaveBaharBahari pic.twitter.com/DxXFK6CK4g— Yasaman (@yasaman_2018) November 6, 2019