Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево , Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75г) и Тетово (83г), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна.Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (5) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.