Од вкупниот број на позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции.

Регистрирани сe 745 оздравени пациенти од: Скопје – 324, Куманово – 75, Битола – 65, Кавадарци – 34, Велес – 30, Прилеп – 28, Охрид – 27, Тетово – 20, Штип – 18, Кичево – 16, Струмица – 14, Струга – 13, Гевгелија – 11, Неготино и Ресен – по 10, Радовиш – 8, Гостивар и Кочани – по 7, Крива Паланка – 5, Македонски Брод и Свети Николе – по 4, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Крушево, Берово, Демир Хисар и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година.