Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод – по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Битола – 43, Прилеп – 25, Куманово – 22, Охрид – 18, Кавадарци – 17, Велес – 15, Тетово – 14, Делчево – 13, Кочани и Струмица – по 10, Крива Паланка – 9, Штип и Свети Николе – по 7, Радовиш и Гевгелија – по 6, Ресен – 5, Валандово, Струга, Неготино и Берово – по 4, Виница и Кратово – по 3, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип – по 2, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој
Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.