Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од тетовското село Селце.
Како што наведува Министерството, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена.
– Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна, односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со ковид, наведува Министерството и изразува жалење за починатата пациентка/