Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот, со загрижувачка брзина се шири во некои делови од северната хемисфера, на неколку месеци од почетокот на сезоната на зимски грип.
-Во некои земји почнавме де забележуваме загрижувачки трендови, изјави Марија Ван Керхов, технички директор на СЗО за Ковид-19, во текот на емитување на социјалните мрежи.
“Гледаме зголемување на бројот на пациенти на одделите за интензивна нега во болниците, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови од САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната”, додаде Ван Керхов.
Ван Керхов изјави дека во неколку земји е зголемен бројот на пациенти на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со Ковид-19.
Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со ковид-19 да се вакцинираат против грипот.