832
Секој на возраст над 50 години во Велика Британија ќе добие можност да биде имунизиран наесен со трета доза вакцина против Ковид-19 за целосно искоренување на заканата од инфекција до Божик, објави „Тајмс“.
Во моментов се истражуваат две опции, под раководство на главниот здравствен инспектор, Крис Вити, се вели во написот.
Првата вклучува вакцини специјално дизајнирани за борба против нови видови додека втората предвидува аплицирање на трета доза од некои од трите вакцини што се користат во моментов: Фајзер/Бионтех, Модерна или Астра Зенека/Оксфорд, објави весникот.
