Шпанската престолонаследничка Леонора е ставена во карантин, бидејќи едно дете со кое оди на исто одделение во едно мадридско училиште било позитивно на вирусот корона, објави денеска шпанското кралско семејство.
Според Ројтерс, 14-годишната принцеза, заедно со сите други ученици од нејзиното одделение, ќе бидат тестирани за КОВИД-19, а нејзините родители, кралот Фелипе и кралицата Летиција, засега ќе продолжат да ги извршуваат своите кралски должности.
Минатата недела осум милиони ученици во Шпанија се вратија на училиште, но во меѓувреме некои училишта беа затворени затоа што меѓу учениците се појави вирусот корона.
Инаку, бројот на досега загинати од коронавурис во Шпанија изнесува 29.747.