Меган Маркл учествуваше на виртуелниот самит на најмоќните жени во следната генерација на Fortune, и секој што сакаше да слушне што има да каже требаше да плати такса за регистрација од 1750 американски долари. Во своето претставување Меган ги спореди корисниците на социјалните мрежи со наркоманите, иако пред да се приклучи на кралското семејство, таа активно го одржуваше својот профил на Инстаграм, како и блогот каде пишуваше за поминатите одмори. Кога го затвори својот профил, по свршувачката со принцот Хари, ја следеа 1,9 милиони луѓе.
“Луѓето кои се зависни од дрога се нарекуваат корисници. Луѓето кои се на социјалните мрежи се нарекуваат исто корисници. Се грижам за луѓето кои се опседнати, а социјалните мрежи станаа толку дел од нашата дневна култура што луѓето се зависни од нив”, рече таа и додаде дека социјалните мрежи ја имаат истата зависност како и дрогата.
Таа додаде дека и самата веќе долго време не е на социјалните мрежи, иако таа и Хари имаа заеднички профил на Инстаграм Сасекс Ројал. Таа откри дека никогаш не управувала со тој профил, но дека тоа го сторила специјален тим од луѓе. Она што најмногу ги интересираше фановите беше фактот дека семејството на нејзиниот сопруг не го нарекуваше кралско семејство, туку цело време зборуваше за „институцијата“.
“Имавме заеднички профил на Инстаграм преку институцијата и нашата канцеларија во Велика Британија. Но, не бевме ние кои го водевме, тоа беше целиот тим на луѓе”, рече таа.