Бајнка Цензори е италијанска креаторка која стана позната во јавноста откако стапи во брак со екс сопругот на најпознатата американска старлета Ким Кардашијан, раперот Канје Вест.
Контроверзната Бјанка Ценсори изминатава година „се препушти“ на уметноста на нејзиниот сопруг Канје Вест.
Раперот Канје Вест по разводот со Ким Кардашијан е во центарот на медиумското внимание исклучиво поради скандали и чудниот изглед на сопругата Бјанка.
На социјалните мрежи се појавија негови слики од Венеција каде се вози во гондола со спуштени панталони. Тој на гондолата секако не беше сам, го придружуваше новата сопруга, италијанската креаторка Бјанка Ценсори, која клекна пред него, но освен овие скандалозни слики, Твитер беше преплавен и со такви на кои и милионерот и неговата поубава половина изгледаат како клошари.
Канје е бос каде и да оди, а Бјанка со кратка коса се шета нон-стоп во проѕирни хеланки или блузи под кои и се гледаат брадавици.