Раѓањето на првото дете на војводата и војвотката од Сасекс се очекува на крајот на април или почетокот на мај, откри војвотката Меган Маркл.
– Војвотката е бремена 6 месеци и придвидува дека ќе се породи при крајот на април или почетокот на мај – објави “Press Association“.
Инаку, Меган Маркл заедно со својот сопруг, принцот Хари беше во предградието на Ливерпул, Биркенхед за да ги поддржат локалните фондации кои работат во во корист на жените и младите, и да му оддадоа почит на поетот Вилфред Овен од тој град, кој почина во Франција на 25 години. Војвотката 40-тина минути разговарала со тамошните граѓани кои се интересирале и за полот на детето.
“ Не знам дали ќе биде машко или женско. Сакаме полот на детето да ни биде изненадување“,им откри Меган на собраните граѓани.