ЌЕ СТАНЕ ХРВАТСКИ ЗЕТ: Македонскиот фудбалер ќе се ожени со ќерката на селекторот на Азербејџан (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонскиот фудбалер Ристе Митрески кој настапува за кипарскиот Еносис Неон Паралимни ќе стане хрватски зет. Тој на 27 декември ќе се ожени со ќерката на хрватскиот тренер а сега селектор на репрезентација Азербејџан, Никола Јурчевиќ, Лана.

Како што пишува хрватски јутарњи.хр, неговата идна сопруга, 25 годишната убавица Лана е бремена, а со Митрески се сретнале додека тој играл за хрватскиот прволигаш Истра 1961.

Инаку, Ристо Митрески кој има 28 години порано беше члена на младата фудбалска репрезентација на Македонија а има настапувано за Работнички, Победа, Металург, Тетекс, како и за Сараево, српскиот Доњи Срем и израелскиот Хапоел Хаифа. Неговиот иден дедо Никола Јурчевиќ претходно на два пати беше тренер на загрепски Динамо.

 

останати вести