Комплетен состав на новата Влада

by Тони Зографски

По дводневна  собраниска дебата, пратениците пред полноќ ја изгласаа Владата предложена од мандатарот Зоран Заев. „За“ Владата на Заев гласаа 62 пратеници, а „против“ беа 51 пратеник,од вкупно присутни 115 пратеници.

Заев во својот говор пред гласањето, рече дека тој и министрите се обврзуваат чесно и одговорно да им служат на граѓаните.

По свечената заклетва, министрите направија и заедничка фотографија во Собранието.

Новата влада ќе ја предводи премиерот Зоран Заев и министрите:

Артан Груби – за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата

Љупчо Николовски – за вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс

Фатмир Битиќи – за вицепремиер за економски прашања;

Никола Димитров – за вицепремиер за европски прашања;

Радмила Шекеринска – за министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;

Оливер Спасовски – за министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи

Бојан Маричиќ – за министер која ќе раководи со Министерството за правда;

Бујар Османи – за министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;

Фатмир Бесими – за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;

Крешник Бектеши – за министер кој ќе раководи со Министерството за економија;

Аријанит Хоџа – за министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Венко Филипче – за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;

Мила Царовска – за министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;

Јагода Шахпаска – за министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Горан Милевски – за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;

Ирена Стефоска – за министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,

Јетон Шаќири – за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

Благој Бочварски – за министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и

Насер Нуредини – за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

останати вести