Џејсон Ритер и Мелани Лински се познати по нивните филмски и телевизиски ангажмани, а најмногу по тоа што постојано си даваат поддршка еден на друг. Неодамна, Мелани беше исмејувана поради нејзиниот физички изглед на социјалните мрежи, но Џејсон им покажа каде им е местото на тие луѓе.
Мелани, инаку, беше предмет на потсмев поради изгледот уште од почетокот на нејзината кариера. Нејзиниот сопруг Џејсон неодамна го објави следново на социјалните мрежи:
„Ако некој сè уште има некакви коментари за нечиј физички изглед, слободно може да си ги напише со пенкало на своето чело и да се исонча со нив.“