Специјалното јавно обвинителство плаќало 400 евра месечно кирија за куќата во Козле во која живеела Катица Јанева.
Од СЈО за Канал 5 велат дека според правилникот за работа, секој обвинител има право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Доколку киријата на обвинителот е поголема, тогаш сумата си ја доплаќа сам.
Од Антикорупциска велат дека функционерите имаат обврска при стапувањето на функција и поднесувањето на анкетниот лист да ја наведат адресата на живеење, меѓутоа доколку во меѓувреме ја сменат немаат обврска таа промена да ја пријават. Ова, според нив, е дупка во законот.
Јанева е во притвор за Рекет, откако се слушна нејзиниот глас во снимките на Ла Верита, на кои му вели на Камчев дека се ќе биде во ред.