Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го обвини лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев дека добил плико со пари од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
“Се јави дежурното “кутре” на Заев. Само и сега не одговори дали и колку е дебело пликото кое го зема од Струмица за да го руши рушењето на Зоран Заев преку неединство во опозицијата.
Добро е да се види како (демек само во негов уникатен стил) ги “вреѓа” медиумите кои не го “мазат” Заев, а во исто време се “лиже” и “коленичејќи” моли да гостува кај нив. Нема полошо … НЕМА … од лажни ликови, FB патриоти, квази политичари, лигуши …
Туку да прашам, како пликцето, стигна ли на време? Тешко на таа партија каде Заев е финансиер, а FB патриот глуми месија.
П.С. – мислам дека кафето претече, сега останува само да се нагостиш со струмичкото пликце, верувам дека според енергијата што ја вложуваш е прилично дебело!“ напиша Јанушев на Фејсбук.