Колдплеј ја изненадија публиката со неочекуван гостин на фестивалот Гластонбери.
Мајкл Џеј Фокс од инвалидска количка настапи на сцената заедно со британскиот рок бенд и доби силни аплаузи. Актерот од „Back to the Future“ не дозволи Паркинсоновата болест да го спречи да свири на гитара додека бендот ги изведуваше песните „Humankind“ и „Fix You“.
„Основната причина зошто настапуваме во бенд е гледањето на ‘Back to the Future’. Му благодариме на нашиот вечен херој, кој е една од најневеројатните личности на земјата. Ти благодариме многу Мајкл, наш хероју“ – рече фронтменот на Coldplay, Крис Мартин.
Инаку, „Колдплеј“ испишаа историја со својот настап на Гластонбери и станаа рекордери затоа што веќе шести пат, вклучувајќи го и оној кога дебитираа, настапуваат таму. Култниот бенд дебитираше на фестивалот во 1999 година, а своите ангажмани ги продолжи во 2002, 2005, 2011 и 2016 година. Поради ова, Крис Мартин, пејачот на бендот, му се заблагодари на актерот.
Настапот го следеа повеќе од 100 илјади луѓе, а меѓу нив беа познатите актери Том Круз, Сајмон Пег и Џилијан Андерсон.